Новости

Битола инфо

Битолчанката Наташа Гулабовска-Георгиевска е „највешта жена“ во Македонија

Битолчанката Наташа Гулабовска-Георгиевска ја понесе титулата „Вешта жена“ на Македонија на 27-то издание на републичката манифестација „Вешта жена“ во Тетово која се одржа викендов и каде своите кулинарски вештини ги одмерија 16 победнички на општинските натпревари во Македонија, но и од Швајцарија и Србија.

Наташа е пресреќна и горда на освоената титула особено затоа што за прв пат учествува на оваа манифестација. Нејзината маса на тема „Барок“ ја освои публиката и жирито и заслужено ја понесе титулата „највешта жена“ во Македонија.

„Им благодарам на сите за честитките, пресреќна сум. Ова е чувство кое може само да се доживее, верувајте немам зборови за да го опишам. Но сликите кажуваат повеќе од се“, вели Наташа за Шеталиште, се уште сумирајќи ги импресиите од викендот. „Инаку за прв пат учествувам на оваа прекрасна манифестација која трае со години и е навистина е голем предизвик кај младата популација посебно кај мене. Темата и масата ми беа во стилот на барокот.“

Таа вели дека достојно ја претстави Битола и битолчани, онака како што заслужуваат.

Освоеното прво место беше едногласно од публиката освоено прво место за десерт, од жирито прво место за општ впечаток и десерт и прво место за аранжирање овал.

GOLD
To Top