Новости

Битола инфо

Brass brothers со нов сингл со наслов „Balkan Mayhem“

Со серија од нови музички остварувања и изданија, Brass Brothers се враќа на македонската музичка сцена со нов музички албум.  После успешната летна сезона и многубројните настапи низ земјава, македонскиот бенд Brass brothers ја промовира новата песна Balkan Mayhem на истоимениот албум.

Како и секогаш извонредните членови на бендот претставуваат музика што од своја страна е вистински експлозивен спој на драменбејс, дувачки инструменти, Балкан бит и џангл стил каде се доловува енергичната атмосвера од живите изведби на бендот.

Повторно музиката ја потпишува Горан Мицевски Кус, додека аранжманот на песната е заедничко дело на Ненад Тодоровски – Todd Haze, Ристе Шандаров и Горан Мицевски Кус. Balkan Mayhem е снимена во студио Алшар во Скопје, додека Микс и Мастеринг се изработени од Пауло ПГ од Бразил.

Огромен придонес во музичката реализација на Balkan Mayhem имаат и долгогодишните музички брас соработници на Brass Brothers: Стефан Тасевски – Соло Алт Саксофон, Иван Трајковски – Тенор Саксофон, Илија Мицев  – Соло Труба, Стефан Илиев  – Труба и Александар Нинич – Туба.

Евротип
Евротип
To Top