Новости

Битола инфо

(Фотогалерија) Донаторска забава по повод 20 години од возобновувањето на Ротари клуб Битола

Во саботата, на 9 јуни се одржа донаторска забава по повод 20 години од возобновувањето на Ротари клуб Битола. На донаторската забава беа присутни голем број Ротаријанци од целиот регион, како и бројни стопанственици и претставници на јавните претпријатија.

Собраните средства од настанот ќе бидат насочени кон еден од најзначајните проекти за нашиот град, Офицерскиот дом во Битола.

Од Ротари Клубот Битола информираат дека донаторскиот дел на забавата беше над нивните очекување, бидејќи голем број гости ја препознале иницијативата на Ротари Клубот Битола, за реставрација на чешмата кај Офицерскиот дом и соодветно учествуваа со купување на бројни уметнички дела за да помогнат при реализирање на истата.

За време на настанот се обратија голем број на пријатели на клубот како и самите основачи на истиот. Се доделија бројни признанија на самите членови, а Ротари Клубот Битола ја искористи можноста да ја претстави иднината на клубот, односно членовите на Ротаракт Клубот Битола и Интеркат Клубот од Битола.

За крај претседателот на клубот Ратко Христов им се заблагодари на сите гости што го споделија овој значаен момент со нив.

Ротари клуб Битола почнал да се формира во 1933 год. а официјано бил чартерован во 1935 год. и броел 18 членови, најистакнати луѓе во Битола. Прв (чартер) претседател на РК битола бил Таса Тасиќ , а состаноците се одржувале во тогашниот битолски хотел “Јевтиќ” .  Клубот успешно работел се до 1941 година. кога поради воените дејствија на нашата територија, бил затворен.

Evrotip
Евротип
To Top