Новости

Битола инфо

„Everyone is different, love each other“ -активности и подигање на свеста за врсничко насилство во Битола

Everyone is different, love each other! започна да се реализира од Февруари. Целокупните активности се однесуваат на адресирање на врсничкото насилство така наречен bullying, и подигање на свеста за штетните последици од истото.

Во активностите учество зедоа ученици од ОУ “Даме Груев” и Заводот за деца со пречки во развојот “Кочо Рацин” од Битола, а исто така и група на аматерски глумци кои беа задолжени за изработка на едукативен краток филм на тема “Врсничко насилство”. Во рамките на “Everyone is different, love each other!” беа организирани неколку активности и тоа: Работилница на тема: Вовед во врсничко насилство, Едукативна посета на зоолошката градина во Битола, со учениците од Заводот “Кочо Рацин” и Снимање на едукативно видео на тема “Врсничко насилство”.

Притоа како последна активност, на 16.07.2019 во 18:00 часот во Ресторан Милениум ќе се одржи промоција на горенаведеното видео.

Оваа активност е дел од “Everyone is Different – Love Each Other!”, спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy, Development – LEAD MK стипендистката Вероника Стојановска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

GOLD
To Top