Новости

Битола инфо

Исчезната е 15-годишната Викторија – последен пат е видена пред медицинското училиште во Битола

15-годишната Викторија Настевска од село Суводол, демирхисарско е исчезната, а нејзините родители бараат помош за да се пронајде.

Последен пат е видена на 02 ноември во 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи и од тој момент и се губи секаква трага.

Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации или ако ја виделе Викторија да ги контактираат на 078 425 497 или 075 310 664 .

Уште истиот ден нејзината мајка пријавила во полициската станица во Демир Хисар дека нејзината 15-годишна ќерка излегла истиот ден и не се вратила.

Oд страна на полицијата се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

GOLD
To Top