Новости

Битола инфо

Јавна трибина во Битола: Проблемите на младите во локалната средина

Денеска на Правниот факултет во Битола Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ Битола во соработка со Правниот факултет, организираше јавна трибина на тема „Проблемите на младите во локалната средина“. Најнапред се доделија дипломи за почесни членови на здружението „Интерактив“ како и благодарници за поддршка на работата на здружението. Им беа доделени на градоначалниците од пелагонискиот регион, новинари, здруженија на граѓани, поединци, Правниот факултет, на средните училишта.

На настанот присуствуваа и градоначалниците на Битола и Новаци, Наташа Петровска и Љубе Кузмановски.

„Оваа тема ја одбравме како една од темите кои ги обработува нашето здружение и тоа е една од нашите цели, да ги застапуваме токму младите во нашиот град, но и пошироко. Сметаме дека младите ќе кажат кои се нивните проблеми кои ќе допрат до претставниците на локалните самоуправи од пелагонискиот регион и се надеваме ќе се преземат некои активности за решавање на тие проблеми. Еден од најголемите проблеми на младите во нашиот регион е невработеноста како најголем проблем и свесни сме колку млади се иселиле досега од нашата земја. Младите се соочуваат и со други проблеми, недостиг на социјални и културни настани, услови за образование и друго“, изјави Мартин Николовски, претседател на „Интерактив“.

Говорници на трибината беа деканот на Правнит факултет, проф. д-р Горан Илиќ,
м-р Сања Мучкајева Видановска – писателка, м-р Ивона Шушак – Правен факултет и м-р Никола Илиевски – Students For Liberty.

Она за што се зборуваше е активноста на младите кон решавањето на нивните проблеми.

„Сметам дека младите, не само во Битола, туку генерално на овие простори, не си ги препознаваат сопствените проблеми, не ги детектираат за да пристапат кон нивното формално решавање. Токму заради тоа е добро да се пристапи со еден критичен однос кон нив, да излезат од онаа летаргичност во која што се запоседнати и да почнат активно да дејствуваат во насока на препознавање и решавање на нивните проблеми, изјави м-р Ивона Шушак, асистент на Правниот факултет во Битола.

Од денешната одржана јавна трибина ќе се донесе заклучок за да се знае во која насока здружението треба да се движи и за да придонесе кон решавање на тие проблеми, рече Николовски.

 

GOLD
To Top