Новости

Битола инфо

Kривична пријава за директорката на медицинската школа во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Р.(58) од Битoла поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „повреда на правата од работен однос“. На 23.05.2018 година, пријавената, како директор на Високата медицинска школа, постапила спротивно на Законот за работни односи.

Со злоупотреба на својата службена положба донела решение за престанок на работниот однос на вработената Е.Р.П., иако одлуката по предметот донесена од Управниот суд се уште не била правосилна, со што на именуваната и ги повредила правата од работен однос.

GOLD
To Top