Новости

Битола инфо

Во Битола денес регистрирани 5 позитивни лица, почина 27-годишно момче од Битола

Центарот за јавно здравје Битола информира дека денес во Битола се регистрирани 5 позитивни лица, 2 на возраст од 61-70 години, 2 на возраст
од 51-60 години и еден во возрасна група од 41 – 50 години. Од новорегистрираните лица, 2
даваат податок за контакт со друго позитивно лице и се поврзани со фамилијарна трансмисија.
Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 67. Денес се регистрирани 6 оздравени
лица и еден смртен исход на позитивно лице на 27 години кое починало на Клиника за
инфективни болести во Скопје.

Во Демир Хисар денес се регистрирани 2 позитивни лица на возраст од 44 и 83 години. Вкупниот
број на активни случаи во Демир Хисар изнесува 29. Денес се регистрирани и две оздравени
лице.

Во Ресен денес нема регистрирано нови заболени, а регистрирани се 3 оздравени лица.
Вкупниот број на активни случаи во Ресен изнесува 28.

Во Кичево денес има регистрирано 3 позитивни лица а регистрирани се 7 оздравени лица.
Вкупниот број на активни случаи во Кичево изнесува 88.

ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола

GOLD
To Top