Новости

Битола инфо

Кривична за битолчанец кој вршел јавен превоз без лиценца

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Т.(51) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

На 12.08.2018 година на улица „Рузвелтова” во Битола, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „ФАП”, сопственост на пријавениот, при што било утврдено дека вршел јавен превоз на дрвни сортименти без соодветна лиценца издадена од  Министерството за транспорт и врски.

GOLD
To Top