Новости

Битола инфо

На иницијатива на „Поинаку“ битолскиот совет изгласа заклучок со кој ќе бара од Владата субвенционирана струја – „Поинаку“ за утре најавија протест за загадувањето

Денес, по барање на Поинаку, советот на Општина Битола едногласно донесе заклучок со кој бара од Владата на Република Македонија на првата следна седница да однесе одлука за субвенционирана струја за граѓаните на Општина Битола.

„Бидејќи ова е прв пат едногласно да се изгласа нешто во интерес на битолчани и бидејќи мерката мора да се реaлизира, утре во 16 часот ги повикуваме на протест прво советниците кои гласаа за мерката, градоначалничката, сите битолчани, студенти, средношколци, политичари, пензионери и сите оние кои се свесни за состојбата со аерозагадувањето во која се наоѓа Битола да дојдат пред општина Битола и заедно сите да го искажиме својот револт и да ја повикаме Владата на РМ за итно решавање на проблемот. Ги повикуваме сите оние кои знаат дека воздухот нема политичка ориентација и дека болестите не одбираат партиска припадност. Се гледаме пред општина,“ велат од „Поинаку“.

GOLD
SN Finansii
To Top