Новости

Битола инфо

Од вчерашната контрола на битолската полиција

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 05 февруари, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици при што биле контролирани 365 возачи и возила.
При контролата, констатирано е дека 31 возач го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, шест возачи управувале без возачка дозвола, кај тројца возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај исто така едно возило било технички неисправно и истото е испратено на технички преглед. За неправилно паркирање издадени се девет мандатни налози, а писмено опоменати се 14 возачи .
На 44 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 19 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 12 видови останати прекршоци.

GOLD
To Top