Новости

Битола инфо

Притворени четири лица кај Могила за трговија со дрога

На 27.11.2018 година на „Стрежевски пат“ во близина на село Могила, од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје лишени се од слобода лицата З.Б.(25) и Ѓ.Ч.(30) од Битола и С.М.(38) и Р.Б.(26) од Скопје. Од приведените биле одземени 89 грама хероин.

На 28.11.2018 година од страна на Секторот за внатрешни работи Битола против наведените лица е поднесена кривична пројава по член 215 од Кривичниот Закон на Р.Македонија „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а од страна на Судија за претходна постапка од Основен Суд Битола, на истите им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

GOLD
To Top