Новости

Битола инфо

Работна средба за зголемување на соработката помеѓу општината, граѓанскиот сектор и младите

Градоначалничката на општина Битола,  Наташа Петровска, оствари средба со Гречен Биркл, заменик помошник администратор на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) за Европа и Евроазија, во рамки на нејзината посета на Македонија од 16 – 23 мај 2018 година.

На средбата учествуваа и претставници од канцеларијата на УСАИД Македонија, како и претставници на Младинскиот културен центар – Битола, а фокусот на разговорот беше иницијативата за формирање на локален совет за волонтерство како меѓусекторско тело поддржано од општина Битола. Ингеренциите на ова тело ќе бидат во насока да поттикне поголема соработка на општината со граѓанскиот сектор и младите луѓе при креирање на локалните политики и развојот на општината. Иницијативата е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Средбата беше искористена претставничката на УСАИД да се запознае со актулените прашања кои се од интерес на општина Битола и за кои градоначалничката вложува напори да бидат што побрзо завршени: гасификацијата на Битола, подобрување на состојбите во образовните институции, подобрување на локалната инфрастуктура, реставрацијата на офицерскиот дом, зголемување на можностите за вработување на младите итн.

Evrotip
Евротип
To Top