Новости

Битола инфо

ReLOaD2 – официјален почеток на проект за партнерство меѓу општините и граѓанските организации

Започна втората фаза од реализацијата на проектот ReLOaD2, чија основна цел е зацврстување на партнерството меѓу општините и граѓанските организации преку транспарентно доделување финансиски средства за проектни активности во корист на локалното насление.
Официјалниот почеток на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2) беше означен на денешното потпишување Меморандуми за разбирање со осумте општини кои ќе бидат вклучени во оваа фаза на проектот. ReLOaD2 го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а е финансиски поддржан од Европската Унија.
Градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, денеска го потпиша Меморандумот со што Општина Битола официјално е една од осумте општини, во кои ќе се реализира овој проект во периодот 2021-2024.
Планираните активности вклучуваат обуки за општинската администрација, финансиска поддршка на проекти од јавен интерес аплицирани од граѓанските организации, како и тренинзи за зајакнување на нивните капацитети и знаења за подготовка на проектна документација. Согласно проектната рамка, планирано е да се поддржат над 40 проекти во вкупна вредност од 900.000 евра, од кои директен бенефит ќе имаат речиси 8.000 граѓани.
Покрај Општина Битола, дел од проектот се и општините Куманово, Гостивар, Охрид, Велес, Гевгелија, Кочани и Крива Паланка.

Евротип
Евротип
To Top