Новости

Битола инфо

(Фото) Се одржа работилницата „Самодовербата и убавината“ во салонот за убавина „Империјал“

Во понеделникот, на 05 ноември во салонот за убавина „Империјал“ во организација на Здружението за наука, култура и литература „Златно Перо“ Битола и салонот за убавина „Империјал“ се одржа работилница на тема: „Самодовербата и убавината“.

На работилницата свои излагања имаа психологот Aна Настевска, Анита Јовчевска, стилист и советник за убавина и Јулијана Наумовска, модератор.

За работилницата имаше голем интерес, а се разговараше како да се подигне самодовербата на жената кога се работи за убавината.

Преку фотографии Ви ја пренесуваме атмосферата во салонот за убавина „Империјал“ Битола.

Фото; Александар Георгиев

GOLD
To Top