Новости

Битола инфо

Населените повисоки места во Битола и околните села се уште без струја

Поголемиот дел од дефектите се во околината на Битола каде силните врнежи од снег оставија голем број села и населени места без струја. Од ЕВН велат дека проблемот се јавува заради дефектите во потпелистерјето кои се наоѓаат во непристапен терен, а дотаму тешко се пристигнува.

“Невремето проследено со силни врнежи од снег предизвика одредени проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Беа регистрирани неколку испади на среднонапонската мрежа во регионот на Битола, Прилеп, Маврово, Кичево и Охрид. Поголемиот дел од дефектите се во регионот на Битола, претежно во планинскиот дел каде што прекините се предизвикани од кинење на проводниците од паднати дрва кои не можеле да ја издржат тежината на снежните наноси. Дефектите беа локализирани, тимовите на ЕВН за интервенција веднаш почнаа со работа на терен. Веќе се организирани дополнителни тимови од Струга и Охрид кои во тешко пристапниот терен  работат за што побрзо отстранување на дефектите во планинските населени места во Битолскиот регион. Поголемиот дел од дефектите се санирани и воспоставено е нормално снабдување. Без напон се сеуште некои помалку населени места во планинскиот регион на Битола. Движењето на екипите е отежнато од големите наноси од снег и непристапноста на теренот. Како се пробиваат до местата на дефектите така ги санираат и веднаш се става под напон трафостаниците од кои се снабдуваат со електрична енергија корисниците,“ вели Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.

GOLD
GoldSlot
To Top