Новости

Битола инфо

Состанок за загадувањето на воздухот во РЕК Битола

Здружението За нас се работи соопшти дека денеска во РЕК Битола имале средба со генералниот директор на ЕЛЕМ, а на која присуствувале претставници од неколку граѓански организации како и советници од општина Битола.

Биле посочени сите видливи и реални проблеми и на секое прашање велат дека добивеле конкретен одговор од страна на повиканите. Од таму информираат дека се донесоа следните заклучоци кои генералниот директор на ЕЛЕМ ги превзел како обврска:

1. Веднаш по завршувањето на локалните избори ќе се распише јавен повик за решавање на одпепелувањето.

2. Хотелот Молика кој е во сопственост на ЕЛЕМ веднаш по проценка на состојбата во која се наоѓа ќе се премине во санација на прочистителната станица.

3. Ќе се отвори прашањето за потикнување на индивидуалното користење на обновливи извори на енергија и примена на двонасочни броила.

Што се однесува до долгорочните мерки и решенија договорено е целосно да се скенира ситуацијата и да се добие јасна слика за досегашното работење и неправилностите во истото. Од наша страна беа посочени и проблеми кои директно ги засегаат вработените во РЕК Битола, како што се несоодветниот транспорт, соодветна ХТЗ опрема па дури и несоодветната исхрана. Добивме ветување дека и овие наши барања ќе се реализираат веднаш со почетокот на новата календарска година. На крајот посочивме дека жителите на Битола и другите општини околу РЕК во догледно време мора да добијат дополнителни бенефиции, како директни така и индиректни (субвенционирана електрична енергија, прехранбени продукти и инвестиции во спортот и развој на животната средина). Цела оваа постапка ќе биде под надзор од двајца членови од денешната група како целата постапка би била потранспарентна“ велат од здружението.

Евротип
Евротип
To Top