Новости

Битола инфо

(Видео) Aктивен пожарот кај Црнобуки – се шири кон Лисолај

Пожарот кај „Петилеп“ атар на с,Беранци ЕЛС -Могила е префрлен преку ридот кон атар на с.Ново Змирнево и с.Црнобуки (ЕЛС-Битола) еден крак од пожарот се шири кон Лисолај. На терен интервенираат ТППЕ-БИТОЛА со 6 пп работници и 1ПП возило. Гори нискостеблеста шума и сува трева но постои опасност да се зафати и борова шума. Пожарот e активен, a интервенирањето е отежнато поради високата трева и  ветерот. Во текот на ноќта на овој дел кај с.Црнобуки и Лисолај ќе остане екипа од ТППП– Битола. За утре ќе интервенираат покрај ТППЕ – Битола и екипи на ДЗС – Битола ,  ЈП Национални Шуми, како и екипи од јавните претпријатија.

GOLD
To Top