Новости

Битола инфо

Заедничка изложба на средношколките Магдалена Петровска и Марија Ќурчиевска

Синоќа во фоајето на Центарот за култура Битола беше отворена заедничката изложба на две средношколки од Битола, Магдаледна Петровска и Марија Ќурчиевска. Изложбата на Магдалена се состои од цртежи и е насловена „Лицата околу мене“, додека изложбата на Марија е од форографии насловена „Европа низ фотографии“.

Овие две средношколки се одлучиле на заедничка изложба со цел да направат нешто заедничко кое ќе го паметат цел живот. Магдалена била инспирирана од лицата кои секојдневно ја опкружуваат, додека Марија со фотоапаратот ги пренесе убавините од повеќе градови од Европа.

„Пораката на оваа изложба е токму да ги поттикнам сите млади уметници во нашиот град и насекаде во светот, да истапат пред светот и да докажат кои се. Јас со уметноста се занимавам од најмала возраст, пред две три години одев на курс, но со текот на времето продолжив сама да работам на себеси. Децата кои се како мене уметници, да ги повикам да прават изложби, затоа што моментално тоа и е потребно на Битола, повеќе вакви настани“, рече Магдалена.

„Едноставно, фотографијата има 1000 зборови и секоја фотографија за мене има посебно значење. Ги поттикнувам сите млади фотографи да не се срамат, да ги изложуваат фотографиите и да прават изложби како нас. Љубовта кон фотографијата ја наследив од мојот татко, татко ми е фотограф,  од мала сум со фотоапаратот, татко ми ме инспирира и ми беше поттик за да се занимавам со ова. Со Магдалена другарството не спои и затоа решивме и уметностите да ни се спојат“ рече Марија.

„Чест ми беше што вечерва бев дел од оваа изложба, има вкупно 46 фотографии инспирирани од секојдневието, се надевам дека ќе имаат и поголеми успеси. Најмногу ми се допадна сликата со горната гимназија бидејќи таму учиме и тие ни се најубавите години од нашиот живот“, истакна Ангела Пандовска, другарка на Магдалена и Марија.

GOLD
To Top