Новости

Битола инфо

Заедно до „0“ насилство – проект за борба против меѓуврсничкото насилство во основните и средните училишта

Tимот „Нула“ од Битола e еден од победничките тимови во склоп на Generation Unlimited- Младински предизвик во организација на UNICEF МК, кој го сочинуваат: Симеона Павловска, Ана Котевска и Мартин Цибалевски. Работиме на проект идеа која нуди начин простор и место кои ќе ја поттикнат комуникацијата помеѓу родителите и децата, со цел да се намали меѓуврсничкото насилство во основните училишта. Целта е да се делува превентивно и едукативно преку прикажување на реални приказни со теми поврзани со меѓуврсничко насилство во основните училишта, со посебен акцент на децата на возраст од 11 и 12 години. Целиме да се подигне свеста кај родителите и да се зголеми информираноста на децата за тоа што е насилство, како да се спречи истото, како и да се помогне на оние кои веќе биле засегнати со овој проблем, и да се понуди начин како истиот да го пријават.
Овој проект пред се е наменет како дигитална алатка која би се користела во образовниот систем , со наставна програма која би ги обработувала проблемите од овој вид: меѓуврсничко насилство, посебно, насилство во дигиталната свера на комуникацијата ( Cyber bullying ) и слично. Наставната програма би можела да биде имплементирана факултативно, како дел од активностите за време на класните часови.

Оттука, учеството на наставниот кадар во развивањето на ваков тип на наставни програми е од големо значење за постигнување на нашата цел.

Оваа е нашата веб страна www.nulanasilstvo.com

А воедно би ве поканиле и на еден поинаков едукативно, забавен настан во недела 10.02 Ски Центар “Нижеполе” со почеток во 12ч.
https://www.facebook.com/events/298534114167637/?ti=ia

 

GOLD
To Top