Новости

Економија

Ќе има ли промена: Денес нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика треба денеска да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

РКЕ по најавената измена или нова методологија за цените на горивата, минатиот понеделник реши да ги намали цените, па така цената на „еуросупер 95“ е 69,50 денари за литар, „еуросупер 98“ е 72 денари за литар, а „еуродизелот“ се продава за 62,50 денари. Екстра лесното масло, се продава по цена од 52 денари, а овие цени се менуваат од полноќ.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС сега е 35,118 денари.

Останува да видиме дали не чека поскапување или поевтинување.

GOLD
To Top