Новости

Економија

Австрија бара работници, а еве колкава е платата

Сумата не е толку голема колку што на прв поглед изгледа, но сепак заинтересираните можат да се пријават кај австриските работодавачи. Австриското биро за надворешна трговија веќе одреден период е во сериозна кампања за привлекување на хрватски сезонски работници, во текот на зимските месеци нуди работа во некои од тамошните ски-центри на Тирол, Штаерск, Ворарлберг и околината на Салзбург-пренесува N1.

Австрија е една од ретките европски држави која во огласите за работа го објавува понудениот месечен износ на бруто плата кој е договорен во колективниот договор. Така, почетничка плата за кувар, келнер, рецепционер и други стручни работници во туристичко-угостителската гранка изнесуваат 1.500 евра бруто за 40-часовна работна недела, односно 1.250 евра нето плата.

Огласите за работа споменуваат и сместување, слободни денови, платени прекувремени работни часови за таа држава, колку вообичаено изнесуваат 13та и 14та плата, како и пропорционалното време кое сезонците би го поминале во работен однос.

Во период од месец дена, колку што бил отворен огласот за работа во некои од австриските скијалишта, хрватската компанија ,,Еуреса” добила 90тина пријавени. Тоа е помалку отколку што би се очекувало на прв поглед, но освен кај хрватските компании, заинтересираните можеле да се јават и кај австриските работодавачи.

faktor.mk

GOLD
To Top