Новости

Економија

Австрија сака да воведе данок за технолошките гиганти

Shutterstock

Франција не е единствената европска држава која сака да воведе такси за интернационални технолошки компании. Австрискиот канцелар Себастиан Курц објави дека ќе воведе такси за „Apple“, „Facebook“, „Google“ и други компании кои наводно го избегнуваат правилото за фер конкуренција.

Деталите за овие даноци се уште не се познати. Ова ќе биде додаток на оние даноци воведени од ЕУ. Франција исто така воведува нови даноци.

Компаниите кои би биле опфатени од овие даноци веќе изјавија дека тие го плаќаат она што е потребно. Овие компании најчесто го пријавуваат својот приход од ЕУ во земји кои имаат пониски даноци, како на пример Ирска, и се потпираат на дупки во законот со цел да го намалат нивниот финансиски импакт.

Иако тоа е легално, сепак тие плаќаат многу помалку во просек од другите бизниси, и тоа 9 проценти во споредба со 23 проценти кои ги плаќаат другите фирми кои работат во овој регион.

denar.mk

GOLD
To Top