Новости

Економија

Бабовски: Почна аплицирањето за добивање на финансиска поддршка за рибарство и аквакултура“

Од денеска до 27- ми декември, сите субјекти кои произвеле или продале риба од сопствено производство на пазарите, ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка по Програмата за финансиска поддршка во рибарство и аквакултура. Срествата по оваа програма може да ги добијат сите субјекти кои

набавиле порибителен материјал за насадување на рибниците во периодот од 1- ви февруари до 30- ти септември годинава или пак произведената риба во рибниците ја продале во период од 1- ви ноември 2017- та година до 31- ви октомври годинава.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски истакна дека до 300.000 денари по корисник може да добијат оние субјекти кои набавиле подмладок или сами го произвеле и насадиле. Финансиска поддршка ги следува и субјектите кои произвеле и продале риба на пазарите а кои во периодот од декември 2017- та година до декември годинава немаат увезено жива риба. Бабовски истакна дека субвенциите се доделуваат скалесто во зависност од капацитетот на рибникот.

„Рибниците кои произвеле и насадиле до 25.000 килограми ќе добијат 100 отсто субвенција од 20 денари за килограм продадена риба. Оние субјекти кои насадиле или произвеле од 25.000 до 50.000 килограми ќе добијат 75 отсто субвенција за 20 денари продадена риба,  додека за субјектите до 100.000 килограми субвенцијата изнессува 50 отсто од 20 денари за продадена риба.  Најмала, односно 25 % субвенција ќе добијат субјектите кои имаат над 100.000 килограми насадена или произведена риба – истакна Бабовски.

Целта, според Бабовски е да се мотивираат и стимулираат малите производители да се развиваат и да се унапредуваат како и да го зголемуваат домашното производство на риби.

Сите апликанти кои ги исполнуваат условите за добивање на средства преку Програмата за рибарство и аквакултура, документите за добивање на оваа финансиска поддршка може да ги достават лично во архивата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, или преку препорачана пошта. Крајниот рок за доставување на барањата е 27- ми декември. Сите барања кои ќе бидат доставени по тој рок нема да се разгледуваат.

GOLD
To Top