Новости

Економија

Бензините поскапуваат, дизелот по стара цена и следните две недели

Во следните две недели, согласно последната одлука од регулаторната комисија за енергетика донесена денеска, нафтените деривати ќе се точат по нови цени.

Имено, од ноќеска на полноќ возачите ќе точат бензини поскапи за 0,5, односно 1 денар .

Цената на дизелот овој пат не претрпе корекција на цените.

Литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се точи по цена од 62,50 денари, додека ЕУРОСУПЕР-98 ќе се плаќа 64,50 денари за литар.

Дизел горивото и во следните две недели ќе се точи за 60 денари по литар.

GOLD
To Top