Новости

Економија

Бизнисменот Штајмнец, сопственик на „Фени индустри“, е уапсен во Израел за перење пари

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Милијардерот Бенџамин Штајнмец, сопственик на повеќе компании на Балканот, кој се бараше со потерница од страна на романските власти е уапсен во Тел Авив под сомнeвање за перење пари.

Штајнмец е сопственик на компанијата „Кунико рисорсис“, која произведува феро-никел во Македонија и во Косово.

Според израелските медиуми, Штајнмец заедно со уште четворица бизнисмени, од кои еден е поранешен врвен банкар, биле приведени под сомневање за потпишување на лажни договори преку кои се переле пари поврзани со копање руда во африканската држава Гвинеја. Штајнмец е познат и како голем трговец со дијаманти. Групата е осомничена за користење лажни документи за деловните зделки во странство, перење пари, за лажна регистрација на корпоративни документи, измама, прекршување на корпоративна доверба, попречување на правдата и поткуп и за сомнителни трансакции со недвижнини во странство, се вели во соопштението на полицијата.

Во соопштението се вели дека полицијата се сомнева дека групата „постапувала заедно со главниот осомничен со цел да создаде и претстави фиктивни договори и трансакции, меѓу другото во договори за недвижен имот во странство, заради перење пари и трансфер на пари”. Еден полициски извор вели дека Штајнмец бил главниот осомничен во случајот.

Штајнмец направи милијарди со трговија со дијаманти и рудници. Тој бил уапсен лани на 19 декември и обвинет дека платил милиони долари за мито во Република Гвинеја, во замена за унапредување на своите деловни интереси во земјата. Беше во домашен притвор и подоцна ослободен.

Според Форбс, Штајнмец е еден од најбогатите луѓе во Израел.

Според израелските медиуми, криминалот за кои се сомничи групата „тежи“ 150 милиони евра.

Сите уапсени се сомничат и во Романија за корупција во која се инволвирани високи романски претставници. Во Романија им се суди во отсуство.

Во Македонија Штајнмец преку фирмата „Кунико рисорсес“ (Cunico Resources) е сопственик на „Фени индустри“ од Кавадарци. Дел од македонските медиуми го поврзуваа Штајнмец со фирмата „Балкан петролеум холдинг лимитед“ и со бизнисмените Ури Бидер и Михаил Черни кои стоеле позади обидот за преземање на компанијата „Макпетрол“.

„Кунико рисорсес“ го презема „Фени“ во 2004 година. Компанијата на Штајнмец е меѓународна  компанија за рударство и метали, специјализирана за истражување, рударство и производство на феро-никел.

Извор: www.mkd.mk

GOLD
To Top