Новости

Економија

Возачи од денес полните резервоари со горива по овие цени

Последната одлука на РКЕ ја зголеми цената на бензинот “Супер 95“ додека останатите нафтени деривати и оваа недела остануваат со исти цени како и претходните.

Од ноќеска на полноќ почнаа да важат цените согласно кои ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари и ќе се точи по 67,00 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава по 69,00 денари за литар, а дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини исто така 60,00 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 денари за литар.

GOLD
To Top