Новости

Економија

Во Штутгарт работата се цени, а кукање нема

Во текот на 2015 година Матија Визјак(26) од Вараждин заминал од Хрватска во Штутгарт, со што си ја исполнил желбата да живее во странство.

Вели дека изборот паднал на Германија, иако се двоумел меѓу Германија и Австрија заради сигурноста и висината на платите.

Повеќе од две години работи во својата струка, во градежништво.

„Градот е навистина прекрасен и има милион можности. Според мене единствена мана ми се метежот и гужвата со сообраќајот. Што се однесува на големината на градот, тоа и не е важно затоа што сите работи се на едно место. Понудата за работа е голема, а предност има секој кој доаѓа и знае германски јазик“ – вели Визјак.

Додава дека становите се скапи, но се снашол затоа што неговиот работодавец има станови и сместувањето за него не било проблем.

Иако има огласи на интернет, вели дека станови најлесно се наоѓаат преку познанства.

Работи за германски газда, и вели дека кај нив се почитува работата, договорот и работникот се цени и плаќа.

На луѓето кои сакаат да заминат им советува да не доаѓаат во Германија на „слепо“ затоа што тоа е ризик.

Хрватот вели дека останува таму каде што е, нема да менува ниту фирма, ниту град, ниту држава.

Извор: faktor.mk

Евротип
Евротип
To Top