Новости

Економија

Во кој сектор земаат највисоки плати во Македонија?

Најголеми плати во државата имаат вработените во ИТ секторот.

Компјутерските програмери имаат најголеми плати според последните податоци на Државниот завод за статистика.

Тие во март земале 56 670 денари просечна плата. Зад нив на листата најплатени се вработените во телекомуникациите кои имале 50 022 денари плата во март.

Трети на листата најплатени професии во Македонија се оние кои се занимаваат со финансиско-услужни дејности, осигурување и пензиски фондови чии плати во март според ДЗС се 48 191 денари.

Вработени во воздухопловство како четврти на листата имале просечна плата од 47 594 денари додека на петтото место се вработените во фармацевстаката индустрија со плати од 44 616 денари.

Имено, просечната нето плата во март изнесува 24 590 денари.

Извор: faktor.mk

Евротип
SNBROKER
To Top