Новости

Економија

Во оваа земја платите од 1-ви септември ќе се исплаќаат во криптовалути

Нов Зеланд станува првата земја која го легализира исплаќањето на заработка во криптовалути, објавил неодамна “Financial Times”.

Даночната служба на земјата донела одлука дека платите може да се исплаќаат во криптовалути доколку таа виртуелна валута се врзува со најмалку една стандардна валута.

Властите на Нов Зеланд исто така бараат избраната криптовалута да може да биде директно конвертабилна во некој стандарден облик на плаќање.

Како што пишува “Business Insider”, тоа овозможува биткоинот, најголемата светска криптовалута според пазарната вредност, да служи како облик за плаќање на новозеландските работници кога тој нов закон ќе стапи на сила од 1-ви септември.

Предлог законот службено е поднесен на 7-ми август, а во него исто така се вели дека Нов Зеланд ќе овозможи и исплата на бонуси во криптовалути.

Варијантата за исплата на плати во криптовалути подлежи на националниот систем на плаќање на данок на заработка, а според новиот закон изземени се самовработените работници кои не можат својата заработувачка да ја префрлат во виртуелна валута.

Berlin, Germany – July16, 2017: Golden Bitcoin Coin and mound of gold. Bitcoin cryptocurrency. Business concept.

Овој потег претставува чекор напред во воведувањето на контроверзните дигитални валути во системот на секојдневни начини на плаќање.

Криптовалутите се релативно слободни од прописи, а тоа што нивните токови не може да се следат на стандардни начини ги направило популарни кај анонимните он-лајн купувања.

Овој потег служи како уште еден чекор кон тоа властите да сфатат дека луѓето навистина сакаат да бидат исплатени во криптовалути, рекол Томас Хулме, адвокат од правничката куќа Маркел Тарнер Герет од Лондон.

GOLD
To Top