Новости

Економија

Во очекување на новата цена на горивата – ќе имаме ли ценовен шок?

Од утре  трговците сами ќе  утврдуваат колку ќе  чини литар гориво.  Минатата недела престана да важи старата методологија за пресметка,  а новата не се донесе, па поради тоа  наместо регулаторна, трговците со деривати имаат обврска да ја утврдат цената на горивата.

Од Регулаторната комисија се надеваат дека трговците ќе бидат коректни и нема да предизвикаат ценовни шокови. За новите цени граѓаните ќе можат да дознаат само на бензиските пумпи.

Трговците за цените ќе одлучуваат само една недела. Регулаторна очекува до 20 мај да биде донесена нова методолигија. Потпис на измените во законот за енергетика се очекува да стави новоизбраниот претседател Стево Пендаровски.

Инаку Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска ќе одржи подготвителна седница. На неа ќе се разгледува Предлог – текст за пазар на природен гас пренесува скопје1.мк

GOLD
To Top