Новости

Економија

Дали е ист квалитетот на производите во Македонија и во ЕУ?

Логиката на поголемиот дел потрошувачи е следна – доколку производот е од познат бренд и цената му е малку повисока, реди да се купи затоа што е квалитетен.

Но важи ли тоа за македонскиот пазар? Веќе подолго време граѓаните си го поставуваат прашањето – дали навистина производите на познатите брендови кои се увезуваат во Македонија се со различен квалитет од истите производи во ЕУ и светот. Доминираат ли кај нас производи од „втора класа“?

Според Агенцијата за храна и ветеринарство досега не е направени таква детално лабораториско испитување да се знае точно квалитетот на производите.

Граѓаните со кои разговаравме најмногу разлика забележале кај хигиенските производи, особено шампоните, детергентите. Велат дека некогаш одат и во маркети во Грција каде овие производи можат да ги најдат некогаш и со пониски цени, но велат дека навистина има разлика во квалитетот. Иако е ист бренд, како да не е истиот производ, велат граѓаните.

Оваа ситуација не е само во Македонија, туку општо на Балканот. Како што покажало едно истражување на Центарот за заштита на потрошувачи во Србија, класичен пример за тоа е Нутелата. Љуботелите на Нутела велат дека е поинаков вкусот на Нутелата која овде се продава и Нутелата на пример во Германија.

Пред неколку години било утврдено дека Нутелата наменета за пазарот на Југоисточна Европа во себе има многу помалку лешници од таа што е наменета за Западна Европа. Наводно со истражување е утврдено дека конзументите на Југоисточна Европа повеќе ја сакаат Нутелата со помалку лешници.

Голема разлика во квалитетот на која се жалат граѓаните е текстилот, односно облеката, но секако и техничките апарати. Во последно време е тренд и мобилни телефони, камери и друга техника да се купуваат од соседна Грција. Некогаш заради пониската цена, а некогаш и заради квалитетот.

Од ЕУ нема официјални податоци ниту истражувања или статистики за квалитетот на производите кои се увезуваат во земјите од Балканот, вклучувајќи ја Македонија. Но едно е симптоматично, во последно време често почнаа да се повлекуваат производи кои содржеле некои недозволени супстанции или заради сомнителен квалитет, а биле дистрибуирани на овие простори.

Последните години имаше неколку случаи кога се повлекуваше млеко за доенчиња, чоколада, пилешко месо и други производи, од кои некои производи беа увезени и во Македонија.

GOLD
To Top