Новости

Економија

Денеска ќе бидат соопштени новите цени на горивата

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, минатиот понеделник на полноќ се зголемија во просек за 0,26%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 0,50 ден/лит, односно за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката
од 28.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 70,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалија за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 28.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) сеуште изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.

Останува да видиме денес која ќе биде новата цена на горивата според Регулатрната комисија за енергетика.

GOLD
To Top