Новости

Економија

Денес нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне треба да ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва по полноќ.

Бензините минатата недела поевтинија за 1 денар, а дизелот и екстра лесното гориво за половина денар.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит,  а на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,50денари за литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 61,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,914 денари и килограм од тој енергенс чини 34,167 денар.

GOLD
To Top