Новости

Економија

Дизелот поскапе за половина денар, бензините по иста цена

Од ноќеска на полноќ, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат за половина денар по литар, додека бензините ќе се продаваат по истите цени како и досега, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на еуродизел ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска ќе се продава по цена од 50,50 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 не се
менуваат, односно ќе продолжат да се продаваат по 66,50 денари, односно 68,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,711 ден по килограм во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.08.2019 година и со тоа таа ќе изнесува 31,650 ден за килограм.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.

GOLD
To Top