Новости

Економија

Договорот нема да предизвика негативни ефекти врз македонската економија

Интернационалната агенција Стандард и Пурс соопшти дека кредитниот рејтинг и економската перспектива на стабилност и раст не се загрозени во Македонија, ниту краткорочно ниту долгорочно со постигнувањето на договорот помеѓу Скопје и Атина за промена на уставното име и политичките тензии што се очекуваат да ги следат наредните чекори во процесот на решавање на овој децениски спор, пренесува SeeNews.

Според Стандард и Пурс, нема да има дополнително влошување на економската стабилност поради придобивките што ќе следуваат за земјата што ќе ги добие како признание од меѓународната заедница за успешно постигнатиот договор и наоѓање решение за името, вклучувајќи го и датумот за преговори со Европската Унија.

GOLD
To Top