Новости

Економија

Должници: УЈП чека да наплати долг од 160 милиони евра

Безмалку 160 милиони евра и должат на Управата за јавни приходи (УЈП) граѓаните и фирмите за неплатен данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален дано на доход и за придонеси и царини. На ноават листа должници се објавени долговите кои биле доспеани до крајот на јуни, а не се платени до крајот на септември годинава.

Од Управата информираат дека сумата за последниот месец е помала за 8,5 милиони евра. Бројот на фирми должници е намален за над 2.000, додека на последната листа се објавени дваесетина должници помалку меѓу физичките лица, за разлика од претходната.

УЈП ги објавува јавно граѓаните кои должат над 120.000 денари и фирмите чиј вкупен долг е над 300.000 денари.

Најголем должник и на оваа листа е Отекс од Охрид. На листата горе повторно се и некои јавни претпријатија.

GOLD
To Top