Новости

Економија

Драстичен пад на профитот на „Ербас“

Европскиот авиопроизводител „Ербас“ соопшти дека во првиот квартал од годинава остварил пад на нето профитот на годишно ниво од 86 проценти на 40 милиони евра.

Причина за падот на профитот е замрзнувањето на лиценците за извоз за потребите на одбраната на Саудиска Арабија, поради што „Ербас“ загубил 190 милиони евра, како и прекин на програмата за производство на моделот А-380, што компанијата ја чинело 61 милион евра.

На 14 февруари „Ербас“ објави дека го прекинува производството на најголемиот патнички авион на светот А380, поради тоа што големите компании не пројавија интерес за овој модел, претпочитајќи да набавуваат помали и поекономични летала.

GOLD
To Top