Новости

Економија

Забранетите теми со колегите на работа

Без оглед колку сте блиски со колегите со кои работите сепак постојат теми за кои никогаш не треба да зборувате со нив. Прво затоа што тоа може да биде искористено против вас, а второ затоа што некои работи од вашиот личен живот ве интересираат само вас и вашите блиски лица. Во продолжение прочитајте за кои теми никогаш не треба да разговарате со колегите.

– Никогаш не треба да зборувате за платата, особено не за вашата. Сумата која ја заработувате ви е важна само на вас и на никој друг на работа и никој не би требало да знае колкава плата земате и дали сте задоволни со неа.

– Ако имате обичај да излегувате или понекогаш ви се случува да ви дојде друштвото, па да испиете некоја чашка алкохол повеќе за тоа никогаш не би требало да зборувате на работа, бидејќи поединци можат да стекнат впечаток дека сте недоверлива особа за работата која ја обавувате.

– Доколку имате проблеми со партнерот оставете ги тие нешта за вашите најдобри пријатели. Никој на работното место не треба да знае за вашиот приватен живот и да ви дава совети. Може да ви се случи некој да помисли како поради проблемите во домот не можете да ја обавувате работата и тоа да го искористи против вас.

– На работа никогаш не смеете некого да го озборувате и да се изјаснувате кој ви е драг, а кој не. Никогаш не можете да знаете до чии уши може да дојде тој муабет, а тоа може да има негативни последици на вашата позиција во компанијата.

denar.mk

GOLD
To Top