Новости

Економија

Започна откупот на тутун во Битола, Новаци и Могила

Во регионот на подрачјето на Битола, Новаци и Могила на 19.11.2018 година започна откупот на тутун од реколтата 2018. Откупот во овој регион ќе се извршува на 17 откупни места и тоа во населените места:

– Горно Оризари, Могила, Добромири, Дедебалци, Добрушево, Ивањевци, Трновци, Беранци, Лисолај, Драгожани, Лопатица.

Откупни претпријатија кои имаат склучено договор и имаат поставено пунктови во овој регион се Сокотаб, Алијанс Уан, Пашоски ДООЕЛ, Секе ДООЕЛ Прилеп, Тутунски комбинат ДООЕЛ Прилеп, Миссириан ДООЕЛ Струмица.

Планирани количини за тутун кои треба да се предадат се: 3364 тони. Вкупно склучени договори се 3408, додека се издадени вкупно 2475 евидентни листови.

Од страна на подрачната единица издадено е решение за формирање на второстепена комисија која има обврска, доколку има потреба за дополнителна процена да ја изврши истата на предадените количини на тутун, информира раководителот на МЗШВ ПЕ Битола – Методија Илиевски.

GOLD
SN Finansii
To Top