Новости

Економија

За да добиете 600 денари, треба месечно да потрошите 26.000 ден.

Едно лице за да направи поврат на ДДВ од 600 – ни денари, месечно ќе треба да потроши над 26 илјади денари. Со ваква пресметка денеска излезе УЈП и најави дека првата исплата за граѓаните ќе биде во декември. Повратот  на ДДВ ќе се врши на квартално ниво, односно на крајот на годинава граѓаните ќе ги добијат парите од сметките кои ги скенирале во јули, август и септември. И така ќе продолжи на секои три месеци.

За пет дена, 58 илјади граѓани кои имаат паметните телефони ја симнале апликацијата за поврат на ДДВ и скенирале близу 450 илјади сметки со вкупен промет од над четири милиони евра. Досега УЈП пресмета дека има за исплата 120 илјади евра. Корисниците на Ајфон телефони ќе мора да почекаат уште некој ден за да вршат поврат на ДДВ од своите апарати. Тие можат тоа да го сторат само во канцелариите на Управата за јавни приходи.

УЈП:

„Заради мошне рестриктивните и строги правила на „Епл“ и натаму се одолговлекува  апликацијата МојДДВ да биде достапна и за корисниците на „ајфони“. Барање за апликација владата испрати на 25 мај, но се уште се чека одобрување. Исто така, по стартувањето на овој проект забележани се поголем број на пријави од страна на граѓаните во УЈП на трговци кои не издаваат фискални сметки.“

Најголеми проблеми со скенирање на  фискалните сметки граѓаните пријавувале дека имаат по пазарење во поголемите маркети. Добар дел од сметките биле со блед бар – код или не доволно видлив, па телефонот не можел да изврши скенирање. Од УЈП велат дека граѓаните со ваков проблем да побараат помош од службените лица на управата.

УЈП:

„Веќе од страна на самите граѓани е извршен притисок врз големите маркети навреме да ги сервисираат нивните фискални апарати за да може на сметките да има јасен баркод и да  не се соочуват со проблеми. Баркодовите од ваквите сметки, можат да ги прочитаат на апаратите на киосците кои функционираат многу пообро од читачите на мобилните телефони. Постои и можност бар кодовите да се внесат рачно за што корисникот треба да се упати во некоја од канцелариите на УЈП“

Мерката има и строги правила. Доколку граѓаните се обидат да го изиграат Законот ќе заработат и казана. Строго е забрането физичко лице да скенира фискална сметка која е издадена на име на фирма. Паричната казна е 250 евра пренесува алсат.

GOLD
To Top