Новости

Економија

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Бројот на работниците во индустријата во август годинава е зголемен за 3,1 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, а во периодот јануари-август 2017 година, пораснал за 1,3 отсто во однос на истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август годинава, во однос на август 2016 година, бележи пораст од 0,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 3,7, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6 отсто.

Според главните индустриски групи, пак, бројот на работниците бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,4 отсто, Капитални производи за 12,9 и Трајни производи за широка потрошувачка за 2,7 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 0,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за два отсто.

Извор: миа.мк

СН Брокер
To Top