Новости

Економија

Земјите на ЕУ поттикнуваат користење на картички

Се поголем број на земји го намалија ДДВ-то за електронско плаќање обидувајки се да го стимулираат повлекувањето на готовината.

Според анализите кои ги спроведе NALED во соработка со Германската развојна соработка (GIZ), некои од мерките кои се превземаат се исплата на плати и пензии исклучиво на сметки, воведување на POS терминали на шалтерите и субвенционирање на нивните набавки, укинување на монетите и најголемите банкноти.

Исто така, некои од земјите на ЕУ ги намалуваат износите над кои не е дозволено плаќање во готовина. Во Шпанија, таа граница е 2.500 евра, во Франција и Италија 1.000 евра, а во Грција 500 евра. Бугарија вовела задолжителна употреба на POS терминали за јавниот сектор. Така на граѓаните им е дозволено веднаш на шалтер да платат такси и како потврда за плаќање да добијат слип од картичката.

Индија своите граѓани ги мотивирала со ниски цени на патарини, горива и железнички превоз ако плаќаат електронски.

GOLD
To Top