Новости

Економија

Имате уште една недела да ги проверете годишните даночни пријави

Доколку се уште не сте ја провериле годишната даночна пријава имајте на ум дека тоа треба да го направите во најбрз можен рок.

Датумот до кога треба да ја потврдите или корегирате годишната даночна пријава е 31 мај.

Околу 80 000 даночни пријави треба да завршат на адресите на граѓаните за една недела кои ќе треба да направат увид во претпополнетите годишни даночни пријави и доколку има потреба истите да ги корегираат. Досега од УЈП испратиле над 600 000 пријави.

Даночните пријави може да ги видите на овој ЛИНК.

Постапката е лесна и едноставна а она што треба да го направите е да го отворите линкот да ги внесете Лозинката и емаилот со кој сте регистрирани и да си проверите се што ве интересира.

GOLD
To Top