Новости

Економија

Иран ќе го развива подводното наоѓалиште на гас Јужен Парс

Тоа е и прв договор од таков вид со странски компании откако официјален Техеран во 2015 година постигна историски договор со шестте големи сили.

Иран потпиша договор вреден пет милијарди долари со француската компанија „Тотал“ и со „Чајна Нешанл Петролеум“ за развој на подводното наоѓалиште на природен гас Јужен Парс.

Договорот е потпишан во Техеран, а со него се предвидува развој на огромното наоѓалиште Јужен Парс, кое Иран го дели со Катар.

Тоа е и прв договор од таков вид со странски компании откако официјален Техеран во 2015 година постигна историски договор со шестте големи сили, со кој се ограничува иранската нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции кон земјата.

Извор: plusinfo.mk

GOLD
To Top