Новости

Економија

Како ќе се враќаат парите од ДДВ-то?

Се уште се бира моделот по кој ќе се одвива долгонајавуваната мерка со која граѓаните ќе добиваат поврат од 15 отсто од платениот данок на додадена вредност велат од Управата за јавни приходи.

Мерката треба да стартува од 1-ви Јули. Целта на реформата е граѓаните да се мотивираат да пазарат од  места каде се издаваат фискални сметки , а со тоа да помогнат во наплата на даноците

„Секој граѓанин ќе биде инспектор ќе пазарува онаму каде што ќе се издаваат фускални сметки за да може да си издаде поврат на ДДВ“, вели Сања Лукаревска директор на УЈП.

Премиерот Заев вчера најави дека повратот на ДДВ ќе се одвива со мобилен трелефон , секој граѓанин кој има над 15 години, поседува лична карта, и своја трансакциска сметка,

Па дури и детенце помало од 15 години може тоа да го направи, но  ќе мора да го регистрира неговиот родител, или поголем брат или сестра што се над 15 години“, рече премиерот

Сумите на поврат ќе бидат лимитирани, за мерката да биде фер и да не се случи богатите кои најмногу трошат, да добијат назад и најмногу пари.

За потрошена сума од 10 илјади денари, на пример, ќе се добие поврат од 230 денари.

За  проблемот со наплата на даноците неодамна алармираше и ММФ, велат дека државава сеуште не успева да наплати дури 15 до 25 проценти од приходите од ДДВ.

Инаку за месеците јануари и февруари оваа година спроведени се 268 контроли за фикслаизација од кои во 215 се откриени неправилности. За разлика од лани во истиот период кога инспекторите направиле 1639 контроли, а биле констатирани 174 неправилности пренесува канал5.

GOLD
To Top