Новости

Економија

Каматните стапки непроменети

Фед ги остави клучните каматни стапки непроменети во опсег помеѓу 1,0 и 1,25% и порача дека ќе продолжи полека да ја заострува монетарната политика.

Аналитичарите сметаат дека Банката на федерални резерви верува дека економијата е во добра состојба. Од почетокот на годината Фед два пати ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, а до крајот на годината можно е уште едно зголемување на цените, во зависност од економските индикатори.

Сепак, американската економија не расте толку брзо како што се очекуваше, додека стапката на инфлација е под целното ниво на Фед од 2%. Затоа, се помалку инвеститори очекуваат дека Банката оваа година уште еднаш ќе ги зголеми каматните стапки.

По објавувањето на соопштението, трговците на пазарот на пари проценија дека веројатноста за повторно зголемување на каматните стапки во декември изнесува само 38%. Пред еден месец овие проценки беа поголеми од 50%.

Извор: bankarstvo.mk

GOLD
To Top