Новости

Економија

Катар ги топи државните резерви за да се прехрани

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Откако Катар се соочи со целосна блокада иницирана од Саудиска Арабија владата е принудена да ги топи државните резерви и за неколку месеци се потрошени 40 милијарди долари или околу 11% од вкупните средства.

Овие пари Катар ги искористи за да го зајакне својот финансиски систем, да ги подобри односите со останатите земји со кои нема отворен спор, но и да увезува храна која од Турција се носи со авиони, а од Иран со бродови.

Според финансиската агенција Moody Катар треба да постигне компромис со земјите од Персискиот залив, бидејќи претрпува огромни штети во банкарството, туризмот и трговијата, но тоа нема да биде така лесно бидејќи доби тешки обвинувања за поддржување на тероризмот.

Извор: faktor.mk

Евротип
SNBROKER
To Top