Новости

Економија

Кинеските биткоин берзи целосно се затвораат

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Двете најстари и најголеми кинески крипто берзи на кои се тргуваше е-валутата биткоин целосно ќе престанат да тргуваат. Најпрво пред неколку дена Huobi и OKCoin изјавија дека ќе престанат со тргување на биткоин или друга криптовалута врз база на трансакции на националната кинеска валута јуанот.

Сепак, сега Huobi и OKCoin посочуваат дека повеќе нема да одржуваат берзанско тргување со биткоин или било која друга криптовалута почитувајќи го кинескиот монетарен систем. Освен кинеските државјани со оваа одлука се погодени и странците кои ги користеа овие берзи за тргувања.

Тоа значи дека Кинеската Народна банка извршила огромен притисок врз двете берзи да ги прекинат операциите на тргување по што драстично паѓа цената на биткоинот. Од Huobi и OKCoin посочија дека ќе продолжат да даваат онлајн советодавни услуги.

Сега се очекува компании како Huobi и OKCoin да го искористат своето досегашно искуство и знаење и да се обидат бизнисот да го преселат надвор од Кина на тло каде нивните трансакции нема да бидат загрозени.

Извор: faktor.mk

Евротип
SNBROKER
To Top