Новости

Економија

Кои се петте најплатени професии во Македонија

Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната нето исплатена плата во мај, годинава од кои може да се види дека убедливо најплатени се вработените во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде што просечната плата изнесувала 55.842 денари.

На второ место е секторот воздухопловен транспорт со просечна плата од 52.076 денари, а на третото место секторот финансиско-услужни дејности со просечна плата од 50.454 денари.

На четвртото место е секторот телекомуникации со исплатена просечна плата од 42.237 денари, а на петтото секторот дејности за санација и останати услуги за управување со отпад со просечна плата од 44.712 денари.

emagazin.mk

GOLD
To Top